Култура на ризици

споделете вашите впечатления от интересни събития
БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ
Потребител
Мнения: 27
Регистриран на: пон мар 13, 2006 1:15 pm

Култура на ризици

Мнениеот БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ » пон мар 13, 2006 2:00 pm

Малкумина денес го јадат лебот насушен, во мир и со благодарност, а повеќе сме такви што го грабиме и раскинуваме. Ги предпочитаме за себе првите места, секоја чест и наслада, чекориме по широкиот пат низ животот, во умување и советување, милуваме собранија, истакнувања, нат-превари.
Светот прифаќа само владетели и првенци. Во него нема леб ни за најмала слабост, за бедните по дух, гладните за правда, за неволните и ненавидните. Пребројни искушенија се исправени пред секој што осамен го бара својот дел во него.
Човештвото, веќе подолго време се престројува да постои вон својот контекст, за да избега од идејата за себе, на која не сака повеќе да и служи, за да живее слободно од нејзиниот проникнувачки дух и промисла. И денешните општества вртоглаво се посветени кон таквиот апсурд на постоењето.
Излезени од пределот на добрата надеж, со нас господари стравот и очајот. Во стравот започнува секое наше дело и се помалку се чини за љубов, а повеќе од очајна омраза.
За нас нема ништо поскапоцено од нас самите. Секој на себе си е доверен како богатство од таланти. Секој е слуга на својот живот, затоа што е поскапоцен од него самиот.
Тоа богатство во таланти на човека му е доверено за да го раздава на оние кои ќе ги засака како што се сака себеси, за да им објави дека има нестекнато богатство.
Во тоа е зарот на животот, кон што ќе ги приведеме нашите срца и во што ќе ги вложиме скапоцените ни дарови. Дали тие со тоа ќе се умножат за нас или засекогаш ќе пропаднат како бисери на буниште.
Водени од таквата свест, наспроти културата на апсурдни ризици и предизвици, сите ние неволни мора да се оградиме во цврсти заедници, за така полесно да се сочуваме и одбраниме. Зошто човекот си нема свое место, свое име и личност вон својата заедница.
Такви во својот внатрешен живот можат да бидат и нашите економски заедници, нашите претпријатија. Наместо погубни за личноста корпоративни начела и организациона култура, ние ако смогнеме сили да се сметаме за ближни, можеме волно да си служиме на секое место на кое сме поставени, давајќи му го притоа и на царот царевото.


Почитувани браќа, Ви се извинувам што пишувам на македонски.
Ова е еден мој стар пост од еден друг форум каде членувам и со кој Ви се претставувам за прв пат, а кој текст сум го сочинил пред извесно време за службени потреби на мојата работа.

З бог ум

Върни се в “литература, театрално и киноизкуство”



Кой е на линия

Потребители, разглеждащи този форум: Няма регистрирани потребители и 0 госта